ЗАГРЕБ: ТРИБИНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК „МИЛОСТА КОН НАРОДНИОТ ЈАЗИК Е НАШ ДОЛГ И НАШЕ ПРАВО”

Во организација на Советот на македонското национално малцинство за град Загреб, на 13 мај 2016 година, се одржа трибина по повод македонското национално ослободително движење, насловена како „Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право“. Со оваа трибина Македонците коишто живеат во Загреб, а и цела Хрватска, одбележаа 140 години од смртта на Партениј Зографски и 90 години од смртта на Крсте Петков ...

Read more

ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ТРЕЛЕБОРГ

Во Фолкпаркен во Трелеборг,  Шведска, на 7 мај се одржa традиционалната манифестација „Ден на македонската култура во Шведска“, под покривителство на Македонскиот сојуз. Домаќин годинава беше друштвото „Пелистер“, а во богатата програма настапија фолклористи, пејачи, рецитатори и музичари од повеќе друштва - „Гоце Делчев“ од Гетеборг, „11 Октомври“ од Хелсингборг и МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Малме. Се одржа ...

Read more

МАКЕДОНСКИТЕ „МОМИ БИСЕРНИ“ СО НАСТАП НА СРЕДБИТЕ НА ЗАГРЕПСКИТЕ МУЗИЧКИ АМАТЕРИ

Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб, Хрватска, поточно хорот „Моми бисерни“, којшто делува во рамките на ова друштво, зеде учество на 39-те Средби на загрепските музички аматери. Станува збор за манифестација којашто опфаќа аматерски хорови, вокални ансамбли, оркестри и пејачки групи од Загреб, коишто настапуваат на десетина концерти со разновиден репертоар. Хорот „Моми бисерни“ настапи ...

Read more

ХОРОТ „ВАРДАРКИ“ СО НАСТАП НА ЕТНО ФЕСТИВАЛОТ ВО ВУКОВАР

На 7 мај 2016 година, во Вуковар, Хрватска, по втор пат се одржа Фестивалот на етно музика. Меѓу бројните учесници на овој фестивал се најде МКД „Браќа Миладновци“ од Осиек, поточно хорот „Вардарки“ кој делува во рамките на ова друштво, со новата водителка и диригентка Александра Вукадиновиќ . ...

Read more

МИТРОПОЛИТОТ ПИМЕН ГИ ДОУРЕДУВА ИКОНИТЕ ВО МПЦ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ВИЕНА

Македонската црковна општина „Свети Наум Охридски“ од Виена објави фотографии од надлежниот митрополит Пимен, кој со боја и четка во рацете ги доуредува и доукрасува иконите од царските двери, или светите порти, од иконостасот на црквата. Треба да напоменеме дека ова не е прв пат Владиката Пимен активно и непосредно да учествува во рескоживописување на цркви на МПЦ во Европската епархија. ...

Read more

СИДНЕЈ: ПЕТ ГОДИНИ РАБОТА НА МАКЕДОНСКАТА ХУМАНИТАРНА АСОЦИЈАЦИЈА „СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ“

На 6 мај 2016 година, во Сиднеј, Австралија, се одржа прекрасна хуманитарна и донаторска вечер во организација на здружението „Свети Архангел Гаврил“. Настанот круниса петгодишно беспрекорно и несебично заложување на членовите на оваа организација, со цел да им се помогне на огромен број помалку среќни индивидуи и семејства. Оваа хуманитрарна асоцијација организира донаторски акции со цел да се подаде рака, ...

Read more

ГОЦЕВИ ДЕНОВИ ВО ВРАЊЕ

На 4 мај 2016 година, во просториите на салата „ОКЦЕ“ во Врање, Србија, се одржа завршната вечер на манифестацијата „Гоцеви денови 2016“, која што започна во февруари, на годишнината од раѓањето на овој македонски револуционер. На манифестацијата, како почесни гости, присуствуваа заменикот при амбасадата на Р.Македонија во Р.Србија- Бојан Ѓорчев, членот на градскиот совет на град Врање- Нела Димитријевиќ, ч ...

Read more

ЈАБУКА: ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Амбасадата на Р. Македонија во Р. Србија, Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија, Градоначалникот на градот Панчево, МЗ Јабука, НИУМИИЦ Панчево, ЗГМНЗ „Илинден-Јабука“ и македонското здружение „Вардар“ од Качарево“ и оваа година традиционално организираа панахида за еден од најголемите македонски херои- Гоце Делчев. По повод 113-годишнината од неговата смрт се изврши пола ...

Read more

MAКЕДОНЦИТЕ ВО РИЕКА ГО ПРОСЛАВИЈА ВЕЛИГДЕН

Во организација на  Македонската православна црковна општина „Св. цар Константин и царица Елена“ од Риека, Хрватска, во црквата „Св, Фабијан и Себастијан“ во Риека се одржа света литургија по повод Христовото воскресение, предводена од парохискиот свештеник Стевчо Бечарски.   ...

Read more

КАЧАРЕВО: ВЕЛИГДЕНСКИ НАТПРЕВАР ЗА НАЈУБАВО ЈАЈЦЕ

Традиционално веќе девет години по ред македонското здружение  „Вардар“ од Качарево, Србија, бојадисува велигденски јајца и организира Велигденска прослава. Исто така, во просториите на здружението, децата од Качарево традицинонално имаат мала работилница за бојадисување и укасување на велигденски јајца, при што се организира натпревар за најубаво јајце, за кое гласаат случајните минувачи кои поминуваат пок ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top