УСТАВОТ НЕ ПОСТОИ ЗА ДА СЕ ИЗИГРУВА

Денеска навршуваат шест месеци на Собранието без опозициските пратеници. Отсуството на критичко мислење, макар и она бледо на СДСМ од претходните мандати, го направи парламентот неатрактивен, барем за следење преку собранискиот канал. Сепак, се покажа дека и институцијата може да функционира. И разбирлива е интенцијата на власта за такво нешто. Впрочем, таа си е задоволна од освоените мандати и нова победа ...

Read more

СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА АМБАСАДОРИ

Одамна веќе се навикнав на фактот дека во РМ с` е можно, дури и она што е против секаква форма на ум и рационално мислење. Се соочив со тоа дека сето она што не е рационално можно, во Македонија всушност станува стварно. Меѓутоа, дури и самиот мене, помирен со сознанието дека таква ни е судбината клета македонска, одвреме-навреме с` уште може да ме изненади по некој настан или информација, која докрај согол ...

Read more

ИМЕТО Е НАЈВИСОК СТАНДАРД

Без оптимизам и никакви очекувања дека шефовите на земјите-членки на Европската Унија ќе разговараат во декември за одредување датум за преговори, Македонија заокружува уште една година како кандидат за членство. Шесте последователни препораки за почеток на преговори и потврди за исполнетите економски и политички критериуми не добија соодветно вреднување најмногу поради спорот за името. Иако, се разбира, но ...

Read more

А ЗОШТО НЕ ПАРТИСКА ФРАКЦИЈА?

Долго време се прашувам што е тоа што во Македонија ниту една политичка партија не дозволува функционирање на фракција во своите редови. Колку што ме држи сеќавањето, само НСДП на Тито Петковски дозволуваше со статутот фракционерско дејствување. Но, при првиот обид фракцијата да профункционира поради недоразбирањето кое се случи помеѓу еден член на тогашното најтесно раководство со лидерот на партијата Петк ...

Read more

И предлогот за билатерално име е правна бесмислица

Во документот на Меѓународната кризна група (МКГ) од 2012 година се потврдува дека „грчките барања немаат основа во меѓународното право". Но, во истиот извештај се зборува за легитимни „грижи" на грчката страна и се предлага билатерално име. Со ова се укажува дека од правна гледна точка не постои проблем меѓу Република Македонија (РМ) и Република Грција. Во учебникот на Хенкин, Пју, Шахтер и Смит Меѓународн ...

Read more

ДРЖАВА-ПАРТИЈА КАКО ЕВЕРГРИН-РЕФРЕН

Сигурно дека нема повеќе употребувана фраза за македонските избори отколку што е „одвојувањето на државата од партијата“. Таа му доаѓа како некој постојан евергрин-рефрен во секој од извештаите на меѓународните посматрачи и без кој тие како да не се комплетни. А слично како и во случајот на популарните мелодии, од кои најчесто и најдобро се паметат рефрените, така и од извештаите на ОБСЕ и ОДИХР се памети т ...

Read more

БУРА ВО АКАДЕМСКАТА ЗАЕДНИЦА

Премиерот Никола Груевски потврди дека ќе има екстерно тестирање за студентите, а тие, пак, засегнати од новата реформа на властите повикаа на протести, кои на крајот не се одржаа. Но, обидот да се искаже незадоволството може да се гледа и како сосема логичен след на нештата откако Владата влезе во уште една крупна реформа без стручна анализа и без вклученост на засегнатите страни во првите фази од креирање ...

Read more

Кој и зошто ја девалвира нашата дипломатија?

За големите држави, дипломатијата е силна алатка за реализација на нивното влијание на светската сцена. За малите, пак, тоа е модел за преживување и опстанок. Случајот со нашата земја е крајно специфичен бидејќи ни е суспендирано уставното име, наметната ни е некаква референца и оставени сме без целосен меѓународен правен легитимитет. Тоа дава призвук на привременост на државата а плус имаме и блокада и уце ...

Read more

Аспекти на Извештајот на ЕК за Македонија

Пракса е извештаите на ЕК, испорачaни во октомври, да бидат некаков камен меѓник за иднината на земјата. Истите кај нас, по обичај, наидуваат на целосно спротивни реакции од власта и опозицијата. Што и да содржат тие, првите, главно, го избираат и валоризираат позитивното иако (мораат да) ги забележуваат и критиките со ветувања дека ќе работаат на посочените недостаоци. За вторите – нема ништо позитивно. То ...

Read more

ЗНАЧИ, СЕПАК, СЕ РАБОТИ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ!

Нашите грчки пријатели изминатите неколку недели континуирано го искажуваат своето незадоволство откако македонските министри беа најавувани како министри од Македонија (министерот за надворешни работи Попоски на самитот на НАТО во Велс) или самите министри го користеа правилното име на државата на средби надвор од Македонија (министерот за транспорт Јанакиески во Милано). И иако тие го прават ова со години ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top