МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СО ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ ИЗВОЈУВА СЛОБОДА И ДРЖАВНОСТ

Македонскиот народ правовремено се определи за страната на прогресивните сили во сите три дела на Македонија, станувајќи дел од големата антифашистичка коалиција во Втората светска војна. Вардарскиот дел водеше заедничка борба со другите југословенски народи и народности, а Македонците од Егејска и Пиринска Македонија како и во Албанија се вклучија во рамките на тамошните движења на отпорот. Со тоа македонс ...

Read more

ПОБЕДА НА ЧОВЕКОТ И ЧОВЕШТИНАТА НАД АМБИЦИИТЕ ЗА НОВИ ПОДЕЛБИ

Кога на 9 мај 1945 година во Берлин, во Главниот штаб на Советската армија беше ставен и последниот потпис на документот за безусловната и конечната капитулација на оружените сили на Третиот Рајх, заврши војната во Европа. Веста за конечната победа на антифашистичката коалиција над нацизмот и фашизмот, кога англо-американските и советските трупи се споија кај реката Елба, кога американците и русите прегрнат ...

Read more

Политичка волја, што беше тоа?

Парламентарниот надзор над безбедносниот сектор зависи од моќта на парламентот во однос на владата и безбедносните служби. Во таа смисла во демократските општества моќта на парламентот се цени преку способноста да се влијае врз одлуките и однесувањето на владата. Тоа, помеѓу другото, вклучува и способност да се надгледува реализирањето на донесените политики во доменот на безбедносниот сектор, спроведување ...

Read more

Нема да не’ закрват, сами ќе се предадеме

Го знаете ли вицот за една македонска чета која била опкружена од Турците и четниците го прашале војводата: „Ќе се бориме или ќе се предадеме?“, а тој им одговорил „Македонецот никогаш не се предава. Ќе бегаме!“. Повеќе од век ние се’ бегаме. По Илинденското востание, по Балканските војни, по Првата светска војна, по Граѓанската војна во Грција...Бегаме во сите можни правци. Во некој случај затоа што немаме ...

Read more

ДОЛГ Е ПАТОТ ОД СКОПЈЕ ДО ВЕНЕЦИЈА, ПОКРАТОК Е ОД БРАЈТОН!

Веста дека Ватикан ја избрал македонската уметница Елпида Хаџи Василева за свој претставник на годинашното издание на Венециското биенале на уметноста, која ја добив пред неколку дена од нашата дописничка од Кавадарци, инаку нејзина сограѓанка, по подолго време го провоцираше мојот новинарски слух. Со голема возбуда изгуглав сѐ што беше објавено во италијанските и некои европски медиуми (се разбира, со искл ...

Read more

Во минатото Диоген барал човек, а денес ние лидер

Се знае дека античкиот филозоф Диоген шетал среде бел ден со свеќа во раката и барал чесен човек. Политичари и државници не барал затоа што во негово време тие биле во изобилство. Доволно е да се каже дека денот на раѓањето на Диоген се поклопува со смртта на Сократ, а денот на неговата смрт со таа на Александар Македонски. Спротивно на Диоген денес ние бараме политичари и државници. Но, и таа желба изгледа ...

Read more

Предоцна или уште има шанси?

Има еден виц, кој го помнам од младоста: еден младич, кој бил познат по својата наивност и добрина и кој никогаш не пиел алкохол, еден ден седел на столче крај шанкот и испивал дупли вотки, една по друга. Во кафулето влегле неговите другари. Биле шокирани кога виделе дека наивниот младич пие алкохол. Сфатиле дека нешто не е во ред. Пратиле еден од нив да го праша што се случува. Пратеникот дошол, седнал до ...

Read more

Нa Македонија ѝ се потребни стратегија и лидерство

Фактот дека на Македонија во разни времиња ѝ се случуваат исти проблеми докажува неколку работи. Прво, дека условите за такви промени не се уништени. Тоа значи дека македонската јавност, македонските политички лидери, македонскиот народ не се доволно зрели, доволно активни, доволно храбри за да ги надминат овие проблеми, да расчистат со нив. Второ, дека причина за тоа е отсуството на целосна стратегија и ли ...

Read more

Простете, ама нема невина вина

Претставува ли Европската Унија заедница базирана на основните принципи на демократијата или, пак, станува збор за унија во која една или, пак, мала група држави можат да ги држат во заложништво сите други е прашање што повторно се наметнува откако минатата недела со мнозинство гласови Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за напредокот на Македонија, предложена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл. ...

Read more

САД во македонската национална безбедносна стратегија

За разлика од САД, каде што претседателот за време на својот мандат донесува национална безбедносна стратегија, која ги одразува актуелните безбедносни предизвици и промовира политики што ќе ги спроведува неговата администрација во Македонија, овој процес е поинаку регулиран. Разбирливо, нашиот систем е парламентарен, а не претседателски, па оттука и улогата на парламентот во овој сегмент е понагласена, иак ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top