КРАТКИОТ ФИЛМ „ЕКЛЕР“ ПРЕМИЕРНО ВО КИНО „МИЛЕНИУМ“

Краткометражниот македонски филм „Еклер“, во режија на Марко Ѓоковиќ премиерно ќе биде прикажан утревечер во киното „Милениум“. Филмот ја третира приказната за синот на готвачката од Маршаловата вила, кој по десет години добива шанса да ја вкуси храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре. Во главните улоги настапуваат Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Свездана Ангеловска, Игор Ангелов, ...

Read more

ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ ЗА НАЈНОВИОТ ДИСК НА ТРПЧЕСКИ

Британски дневен весник „Гардијан“ со максимални пет ѕвездички го оцени најновиот компакт-диск на нашиот пијанист Симон Трпчески, а својата препорака ја илустрираше со епитетот „диск со арома“. Како што напишал критичарот Стефен Причард, „чудесно талентираниот македонски пијанист Симон Трпчески отвора смело со Брамс... пред блескаво да чита... на тема од Хендел... за потоа да го понуди сосема различниот зву ...

Read more

МАНЧЕВСКИ ВО ЊУЈОРК ГО СНИМА ПЕТТИОТ ФИЛМ

„Бикини“ е насловот на петиот игран филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, чие снимање почнува во Њујорк, на 9 мај. Проектот, по сценарио и режија на Манчевски, е приказна за Бикини, харизматична, темпераментна и неспокојна жена, поранешен маринец, која се враќа од Ирак и ненамерно станува центар на документарен филм, додека се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го поврати старател ...

Read more

САЕМ НА УМЕТНОСТА НА КОЈ СЕКОЈ МОЖЕ ДА ИЗЛОЖУВА

Буквално секој може да ги изложи своите уметнички дела на третиот Меѓународен саем на современата уметност „Паратисима Скопје“, што од 10 до 12 јуни ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. Повикот за апликации е отворен до сабота, а на затворањето на саемот жири ќе избере десетмина изложувачи што ќе можат своето дело да го претстават и на сестринскиот саем во Торино, Италија, во ноември година ...

Read more

ЌЕ СЕ ОБНОВУВА УНИШТЕНИОТ МУРАЛ НА ИВАН ВЕЛКОВ ВО СТРУМИЦА?

Муралот „Пролетна игра“, на познатиот македонски ликовен уметник Иван Велков (1930-2008), насликан со темпера на еден од надворешните ѕидови на објектот на поранешното Друштво за телесни вежби „Партизан“, во Струмица кој беше урнат минатиот месец најверојатно ќе биде повторно насликан. Тоа за „Утрински весник“ според информациите со кои располага го најави директорот на Завод и Музеј Струмица, Зоран Рујак. ...

Read more

МНТ СТАНА ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА ТЕАТАРСКА КОНВЕНЦИЈА

Македонскиот народен театар стана член на Европската театарска конвенција (European Theatre Convention-ETC) - најголема европска мрежа на театри. МНТ е зачленет за време на интернационалната конференција на ЕТС која се одржа од 21 до 24 април во Театр де ла Мануфактур во Нанси, Франција. - Македонскиот народен театар како национална институција беше предложена од повеќе реномирани театарски куќи од Европа и ...

Read more

„ЛАЗАР“ Е СЛИКА НА ОНА ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА

„Филмот ’Лазар’ е слика на она што нас ни се случува во Македонија. Лазар е лик што емотивно ја пресликува реалноста во македонското општество во последните десет години , а тоа е некое будење на љубов, хуманизам, додека се живее во еден криминален, сив свет, но и будење на емпатија, освестување, создавање совест“, изјави вчера режисерот на „Лазар“, Светозар Ристовски, филмот што синоќа ја имаше скопската п ...

Read more

140 МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ ВО СВЕТСКАТА КОЛЕКЦИЈА „ИМАГО МУНДИ“ НА БРЕНДОТ „БЕНЕТОН“

Македонската ликовна уметност создавана во изминатите 70 години стана дел од глобалниот проект „Имаго мунди“, во кој има уметнички збирки од 100 земји од светот. Проектот го иницирал големиот италијански стопанственик и бренд сопственик Лучано Бенетон во 2009 година. Тој ангажирал тим на куратори и колекционери кои делегираат колеги во целиот свет за да извршат национален избор на уметници, кои би ја формир ...

Read more

ВЕЧЕРВА „ЛАЗАР“ НА „СКОПСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ“

На 19 „Скопски филмски фестивал“ вечерва со почеток во 20 часот во киното „Милениум“ ќе биде прикажан новиот македонски игран филм „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски кој е и автор на сценариото. Улогите ги толкуваат актерите: Наташа Петровиќ, Дејан Лилиќ, Красимира Кузанова и Александар Сано, двајцата од Бугарија. Филмот е приказна за илегален транспорт на мигранти и бегалци. „Лазар“ е копродукција на ...

Read more

ДОДЕЛЕНИ „ВИРТУОЗИ 2016“

Виолинистот Александар Иванов е добитник на наградата „Виртуози“ во категоријата „Млад музички уметник“, додека во другите категории Сојузот на композиторите на Македонија вчеравечер во Македонската опера и балет годишните награди им ги додели на: Камерниот ансамбл „КонТемпора“ - категорија „Камерен ансамбл“; „Свирач на покрив“ - проект на Факултетот за музичка уметност во Скопје - категорија „Музички наста ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top