Претставата „Животот е прекрасен“ ја воодушеви унгарската публика

зведбата на претставата на „Животот е прекрасен“ на Македонскиот народен театар синоќа на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта, предизвика бурен аплауз и овации кај унгарската публика. Од МНТ информираат дека после средбата со публиката и критиката на тркалезната маса, претставата која е во режија на Александар Морфов, била оценета како висок естетски чин, а актерскиот ...

Read more

Ова е новата Мис на Македонија (фото)

Александра Тројановска од Крива Паланка е победничката на изборот за Мис на Македонија 2016 за „Мис Глоуб“ - избор за убавина што ќе се случи на 25 ноември во Тирана, Албанија. По неколку полуфинални вечери низ градовите низ Македонија, викендов во Виница се одржа финалната церемонија, на која победи 25-годишната Александра. За прва придружничка е прогласена охриѓанката Ангела Ставреска, а Андријана Илиоска ...

Read more

Започна првиот „Фестивал на виното“ во комплексот Македонско Село

Влезот во комплексот за време на фестивалските денови е 100 ден. Ѕвездено небо, панорамски поглед на градот, опојно македонско вино, вкусни деликатеси и убава македонска песна.. Вчера вечер, во уникатен фестивалски амбиент, во комплексот “Македонско село” беше означен почетокот на првиот “Фестивал на виното” кој ќе трае до недела, 23 октомври. Настанот беше отворен со настапот на етно групата Синтезис која ...

Read more

Изложба “За слобода и независност”

Во четврток 6 октомври 2016 во 19.00 часот во изложбениот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата ,,За слобода и независност,,. Изложбата, на која ќе бидта претставени 20 фотографии,  ЦК  ја реализира во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Битола и општина Прилеп. Изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Унгарија во Македонија г.н Ласло Иштван Д ...

Read more

Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме

Багески утре ќе одржи солистички концерт и во Малме, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Концертот е организиран од Лилјана Стоилковска-Андовска и Друштвото „Македонија“ од Малме, со цел да се презентираат македонските уметници во Шведска. На програмата на двата концерта се дела од Џулијани,  Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис. Дарко Багески (1981) е вонреден професор ...

Read more

„Резервен живот“ објавен во САД, авторката Димковска на американска книжевна турнеја

Американската издавачка куќа од Сан Франциско „Two Lines“ го објави романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска во превод на англиски на Кристина Е. Крамер, пренесе МИА. По тој повод издавачот заедно со Центарот за уметноста на преводот од Сан Франциско од утре до 21 октомври организира книжевна турнеја на која Димковска преку читања и разговори во најпознатите американски книжарници ќе го претстави својот ...

Read more

МОНОГРАФИЈАТА „КИЕВСКИ ДАМАСКИН“ ПРОМОВИРАНА ВО МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска беше промовирана монографијата „Киевски дамаскин“ приредена од академик Петар Хр. Илиевски и проф. Красимира Илиевска. Уредник на изданието е Ѓорѓи Поп Атанасов, а го промовираше проф. Димитар Пандев. Академик Витомир Митевски, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука со задоволство потенцираше дека со монографијата (чиј изд ...

Read more

ЛАЗАР РИСТОВСКИ ЌЕ ГО ГЛУМИ ЦАР САМОИЛ

Харизматичниот српски глумец со македонско потекло Лазар Ристовски ќе ја толкува улогата на Цар Самоил, во епскиот филм што ќе го режира нашиот познат режисер Антонио Митриќески. Ристовски, кој по татко е Македонец родум од Мариово, денеска на прес-конференција во Охрид, каде присуствува на Првиот меѓународен фестивал на ангажиран филм, истакна дека прифатил да ја толкува главната улога во новиот филм чие с ...

Read more

ВО ОХРИД СЕ ОДРЖУВА 49. МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Седумдесетина слависти од 17 држави ќе бидат дел од годинешниот 49. по ред, Меѓународен семинар по македонски јазик, литература и култура што вчера беше отворен во Охрид, а се одржува во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Јазикот го носи идентитетот на секој народ. Мислам дека треба да ни се разбуди свеста дека јазикот е цел културолошки концепт и тоа е она што не' држи во идентитетот. Зб ...

Read more

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ, ЗАВРШИЈА 53.„РАЦИНОВИ СРЕДБИ“

Примајќи ја наградата ,,Почесно Рациново признание“, добитникот Борислав Павловски за првпат препеа на хрватски една песна од необјавената „Антологија на болката“ на Кочо Рацин на затворањето на 53. „Рацинови средби“. Павловски, кој најави дека наскоро од македонски на хрватски јазик ќе ја преведе и ќе ја издаде цела истата стихозбирка, признанието го доби по предлог на Људмил Спасов. „Работам на Катедрата ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top