ЈЕЛОШНИК – СЕЛО НА КОСТЕНИ, ЛЕШНИЦИ И ИСЕЛЕНИЦИ

Благовец, единствениот ден во годината кога во шарпланинското село Јелошник се собираат иселениците и нивните потомства. На тој ден јелошничани вистински се опуштаат, чувствувајќи се свечено и роднокрајно. Се собираат не само преселени во низинските села на Шара, во градот Тетово, туку и во други места на нашата земја и во соседството. Големиот селски празник го најавуваат камбаните на сите три цркви: „Благ ...

Read more

БЛАГОВЕЦ Е КАКО ПРВ ВЕЛИГДЕН

Благовец е прв Велигден. Вака кај македонскиот народ останало да се вели за време на прославата на празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат и како Благовец или Благоец. Според фолклористот Марко Kитевски, овој голем празник се споредува со Велигден. Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот или на 25 март според стариот календар. На овој ...

Read more

ДУШАН МЕЛОВ: СИТЕ ВО ЧЕМЕРСКО РАСТЕВМЕ СО ПРИКАЗНАТА ЗА ГОЛЕМАТА ВЕТЕРНИЦА ПОД KОЖУВ

Сите во Чемерско растевме со приказната за големата ветерна мелница под Kожув, која вртела и мелела високо над селото. Ја замислувавме, безброј прашања ни се вртеа во главата, раскажува 85-годишниот Душан Мелов од Kавадарци. Во неговото родно село Чемерско до ден-денес стои големиот мелнички камен, а не може да бил од воденица бидејќи во селото нема река. - Постарите кажуваа дека сопственикот на ветерницата ...

Read more

ДЕЛЧЕВО ОДБЕЛЕЖУВА 138 ГОДИНИ ОД ПИЈАНЕЧКАТА РЕПУБЛИКА

Повеќе од два месеца, веднаш по Руско-турската војна во 1878 година, добар дел од населението во Пијанец живеело слободен живот откако во тој крај влегол Дедо Иљо Малешевски со својата чета, без согласност на руските власти во Ќустендил и на руската војска, на чија страна се борел во војната. Во Пијанечката Република биле формирани востаничка власт со селски старешини, комисија од народни првенци, полициска ...

Read more

ХИПАРИОНОТ ПРЕД МИЛИОНИ ГОДИНИ ЖИВЕЕЛ И НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Kоњите хипарион, кои имале три прсти и кои се предци на денешните коњи, живееле на територијата и на денешна Македонија и тоа од пред шест милиони години до 700.000 години пред новата ера. Ова го докажуваат фосилните черепи откриени од седум вида вакви коњи, кои имале помал раст од денешните коњи и биле нешто налик на пони коњ. Според информациите од националната установа Природонаучен музеј на Македонија - ...

Read more

ВРЕМЕТО ВО ДЕМИР КАПИЈА, ЕДНОСТАВНО, КАКО ДА НЕ ПОСТОИ

„Кога првпат дојдов во Македонија пред околу четири години, бев фасцинирана од нејзината природа. Прекрасната Демиркаписка Клисура, која гордо се извишува над реката Вардар, остатоците од антиката, плодни ниви опкружени со планини и снежни врвови. Беше задоволство да се види сето тоа“. Вака зборува Русинката Евгенија Оганджанјан, поранешна младинска светска шампионка во спортско качување, која деновиве повт ...

Read more

НАЈДОЛГАТА ПЕШТЕРА ВО МАКЕДОНИЈА КРИЕ И РЕКА И ЕЗЕРО

Споменикот на природата Слатински извор го добил името по една од петте пештери што се наоѓаат околу селото Слатина, на петнаесетина километри од Македонски Брод. Самата пештера е строго заштитена зона, која се наоѓа и на привремената листа за заштита на УНЕСКО - за целосна заштита се потребни уште истражувања. Но кога ќе пристигнете во Слатина, ќе сфатите дека всушност целиот тој крај е една неверојатна пр ...

Read more

ПЕШ И СО КОМБЕ ЌЕ СЕ ШЕТААТ ТУРИСТИ ПО ВИА ИГНАЦИЈА

Низ древната римска магистрала во Битолско, каде што некогаш минувале карвани и римските легии, наскоро ќе се патува со комбе. Ваква иницијатива покрена Економскиот развоен центар „Соработка“ од Битола. Идејата е земјениот пат од битолските села Дихово кон Лавци, па до Брусник, во должина од неколку километри, да биде подостапен за туристи. Сега патот на одредени места е обраснат со вегетација, но лесно мож ...

Read more

ПРВИОТ KУРИР НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО ОСТАНА СИМБОЛ ЗА НЕПОКОР И ВО НАЈГОЛЕМИ СТРАДАЊА

Храброста и патриотизмот од еден обичен човек, кожар и кираџија може да направат голем народен јунак, чија вистинска приказна се раскажува веќе 120 години. Таков е примерот со Андон Тошев Стојанов (1867-1931), попознат како Доне или Дончо Штипјанчето од народната песна што се пренесува од колено на колено во Македонија. Доне бил револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, првиот курир на ...

Read more

АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Широката насмевка на Воислав Ковачевиќ ќе ве пречека сретсело, пред локалната продавничка во селото Бањани на Скопска Црна Гора, ако сакате да посетите некој од тамошните цркви и манастири. Има деведесет години и е најстар жител во селото. Ама се чини дека тоа не му е проблем. Бистриот ум го служи повеќе и од на млад човек. Ги вади клучевите од капијата и нѐ внесува во дворот на црквата посветена на великом ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top