ЛАЗО АСИЈАТА ПРЕЖИВЕАЛ МНОГУ РАНИ, НО НЕ И КУРШУМОТ ОД НАЈДОБРИОТ ДРУГАР

Веста за смртта на комитата Лазо Ридов Асијата болно се раширила во Kавадарци и во целиот тиквешки крај, каде што од населението бил прифатен како заштитник, особено за послабите и незаштитените, раскажува професорот по историја, Мики Kамчевски. Несреќното загинување на Асијата, пред 115 години, во Тиквешијата било доживеано како „сечење на столетен даб, што му правел сенка на народот во врелите лета, што м ...

Read more

ДЕМИРKАПИСKА ПЕШТЕРА: ЛАВИРИНТОТ ВО БЕЛА ВОДА СТАНА ПРЕДИЗВИК ЗА МНОГУ АВАНТУРИСТИ

Пештерите веќе не се предизвик само за спелеолозите. Доказ за тоа е и с` поголемиот број на љубителите на природата, кои трагаат по дополнителна доза адреналин, влегувајќи на места, за кои многумина други би помислиле дека се ризична авантура. За едно такво несекојдневно доживување деновиве раскажуваат ветеринарот Светомир Милошевиќ од демиркаписко Kорешница, кој сега живее во Неготино, и неговата другарка ...

Read more

ПРЕД ДА ИЗГРЕЕ СОНЦЕТО, ДОМАЌИНКИТЕ ГИ ВАПСААТ ПРВИТЕ ЈАЈЦА НА ВЕЛИЧЕТВРТОК

Православните верници ги започнуваат подготовките за еден од најголемите христијански празници Велигден, а деновите што му претходат Величетврток и Велипеток кај македонскиот народ се проследени со многу верувања и обичаи. Според фолклористот Марко Kитевски, на Величетврток, како што почесто се вика меѓу народот, главен обичај е вапсувањето на велигденските јајца. Според обичајот, најпрвин се вапсувале три ...

Read more

БИТОЛА ВО СРЦЕТО НОСИ ХРИСТИЈАНСКИ БЕЛЕГ ОД ТУРСКО

Орел во борбен лет кој напаѓа змија е врежан на ѕидот од битолската Саат- кула градена во турско време, а двоглав орел се среќава и на турските печати до 19 век. Османлиските градби во Битола кријат христијански симболи. Белезите ги врежувале македонските ѕидари уште во 19 век, сакајќи да остават порака дека, иако се под турско ропство, објектите ги граделе христијани. „Утрински весник“ минатата недела пишу ...

Read more

СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ НОВАТА ПОДВОДНА ПЕШТЕРА НА МАТКА ВОДИ ДО ВРЕЛО

Нуркачите од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и нуркачкиот клуб „Акватек“ деновиве пронашле нова подводна пештера во езерото Матка. Пештерата била откриена за време на изведување редовни активности во езерото и пештерата Врело. Притоа нуркачите го забележале влезот од новата подводна пештера и решиле да го истражат пределот во кој се наоѓа. - Влезот не се забележува лесно бидејќи е премногу скриен во околниот ...

Read more

ПОТРАГА ПО ЦРНА ВДОВИЦА И ДИВО ЛАЛЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛУПУСТИНА

Бумбарот упорно туркаше нагоре топка од лепешка, таа се враќаше, а тој како Сизиф, повторно и повторно се обидуваше да ја тркала топката по нагорнината на македонската степа или полупустина кај Kриволак, каде што и во април температурата достигнува до 33 Целзиусови степени. Од екипата истражувачи, што ги придружувавме, дознавме дека мажјакот ~ нуди на женката топка со сточен измет, во кој таа ги положува ја ...

Read more

ЅИДОВИТЕ НА ВЕЛМЕЈСКАТА ЦРКВА „СВЕТИ НИКОЛА“ КРИЈАТ РАКОПИСИ СТАРИ 600 ГОДИНИ

„На полноќ се вратија од Велмеј, предводени од свештеникот со торба полна со книги. Тој ми објасни дека тоа се преостанатите од големиот број ракописи кои биле чувани во црквата. Прашав, каде исчезнале другите? Сме ги закопале во ѕидовите на новоизградениот храм. Тоа беше така, а јас не можев повеќе да дознаам за ова...“ Ова уште во 1845 година го запишал познатиот руски славист Виктор Григорович, кој во то ...

Read more

ПАВЛЕ МИТРЕВСКИ: НА КУРИРОТ ВАСИЛ НЕ МУ ДАДОА ДА СТАСА ДО ХРИСТО УЗУНОВ ЗА ДА ГО СПАСИ ОД ЗАСЕДАТА НА ТУРСКИОТ АСКЕР

Предавникот на легендарниот илинденец Христо Узунов с` уште е непознат, но корените на неспречувањето на неговото и паѓањето во заседа на неговите соборци се должи на заткулисни игри што се играле во македонската револуционерна организација. Причината зошто големиот војвода Узунов не бил навреме информиран дека му се подготвува заседата треба да се бара кај првиот човек на организацијата во градот Kрушево, ...

Read more

ВО РЕСАВА НЕ СИ МАЖ АКО НЕ СИ КАЛЕМАР СО ТАПИЈА

Не си маж ако не си калемар во Ресава, вели 24-годишниот Никола Ризов - Kујо, жител на ова кавадаречко село крај Тиквешкото Езеро. Во Ресава, вели Ризов, нема маж што не го знае калемарскиот занает. Ова село е познато и по виното за кое се вели дека било толку квалитетно, што можело да се носи и во крпа. А познато е и по тоа дека во минатото имало толку многу вино, па него го користеле наместо вода при ѕида ...

Read more

ВНУКОТ НА АЦО ШОПОВ ГИ СПАСУВА ОД УНИШТУВАЊЕ ИСТАНБУЛСКИТЕ ГРАДИНИ

Скопјанецот Александар Шопов, внук на поетот и револуционер Ацо Шопов, својот револуционерен дух го покажува бранејќи го од булдожери споменикот на УНЕСKО во Истанбул стар 1.500 години. Студентот по историја и докторанд на Универзитетот „Харвард“ е еден од водачите на движењето за заштита на градините на Једикуле, сместени под старите ѕидини на градот. За подвигот на Шопов пишува и „Харвардгазете“ во своето ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top