БУГАРСКИ „МИНСТРОЈ“ НОВ КОНЦЕСИОНЕР НА РУДНИЦИТЕ „ТОРАНИЦА“ И „ЗЛЕТОВО“

Министерот за економија Беким Незири денеска го претстави новиот концесионер за експлоатација на олово-цинкова руда во рудниците „Тораница“ и „Злетово“, бугарската компанија „Минстрој“, по денешната средба со претставниците на компанијата, на која, како што беше кажано, детално разговарале за плановите за рестартирање на двата рудника. - Како член на Влада сум радосен што за многу кратко време сите вработен ...

Read more

ПОЧНА САЕМОТ ЗА МЕБЕЛ ВО РЕКОРДНИ 11 САЕМСКИ ХАЛИ

Меѓународниот саем на мебел на Скопскиот саем почна во рекорден број саемски хали, со богата понуда, нови дизајни и попусти за посетителите. Најголемиот дел од изложувачите се домашни компании, а присутни се и компании од  Италија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово. - Меѓународниот саем на мебел оваа година обединува рекордни 11 хали во кои има 180 директни домашни и странски изложувачи ...

Read more

ОД ВОДАТА, ВЕТЕРОТ И СОНЦЕТО ДОБИВАМЕ ПОВЕЌЕ СТРУЈА ОТКОЛКУ ХОЛАНДИЈА ИЛИ БРИТАНИЈА

Повластените производители на електрична енергија од обновливи извори во 2015 година испорачале 263 гигават-часа струја, што е речиси четири пати повеќе во споредба со претходната година, покажуваат податоците на МЕПСО, оператор на пазарот на електрична енергија. Овој голем скок на произведена „зелена“ струја се должи на пуштањето во работа на ветерниот парк Богданци и на дуплирањето на капацитетот на малит ...

Read more

ЗА ПРОЕКТИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 82 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ЕУ

Во наредните десет години, Македонија, Косово, Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија, преку таканаречениот Коморски инвестициски форум, КИФ, ќе ја зајакнат соработката за да ги подобрат сопствените и регионалните потенцијали. Остварувањето на таа цел ќе биде поддржано од Европската Унија со 82 милијарди долари. При тоа, клучни, заеднички предизвици на кои треба да работат сите земји од Југо ...

Read more

ПЕЧАЛБАРСКАТА СУДБИНА НЕ ЈА НАПУШТА БИТОЛА

Ако пред педесетина години печалбарите ги испраќаа на воз со плачење, денес со благослов: „оди и барај си ги чарето“. Младите заминуваат во странство, пред се', за подобри животни услови и за напредок во кариерата. Неофицијално, секое петто семејство во Битола има член кој заминал во белиот свет. „Официјална статистика нема, зашто бројките секојдневно се менуваат“, вели Светлана Петковска, претседател на Ор ...

Read more

12 КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГРАДБА НА ГАСОВОДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Седум компании доставиле понуда за изградба на делницата од магистралниот гасовод од Штип до Неготино, а пет фирми се јавиле на тендерот за магистралниот гасовод Скопје- Тетово-Гостивар. Има интерес и од домашни и странски компании, а процесот на избор и за двата крака моментно е во тек. До крајот на месецов се очекува да се објави тендерот и за третиот крак, оној од Неготино до Прилеп и Битола, долг 92 кил ...

Read more

ГАСТАРБАЈТЕРИТЕ ПОЛЕСНО ЌЕ ЈА ПРЕФРЛААТ ПЕЧАЛБАТА ДОМА

Печалбарите што имаат странски пасош ќе можат да си префрлаат пари од сметката што ја имаат во таа земја на сметка во домашните банки, но и обратно од дома во странство. Оние, пак, што во младоста печалеле надвор, сега ќе може без проблем да си ги подигнуваат парите од лична пензија, пензија од починат брачен другар, социјална помош, детски додаток, школарина на дете поради починат родител и премија од осиг ...

Read more

МЛАДИТЕ САКААТ КРЕАТИВНИ БИЗНИСИ

Млада девојка, дипломиран професор по англиски јазик, туристички водич, а веќе и со свој бизнис, Лиде Стојановска од Кратово, преку Проектот за воспоставување на бизниси во мултиетнички средини, работи на промовирање на својата етно-сувенирница и галерија „Кратискара“. Стојановска беше дел од повеќемина млади бизнисмени кои учествуваа на Саемот на микробизниси од рурални средини во полошкиот и североисточни ...

Read more

ПРЕЗЕНТИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ НА КИНЕСКИОТ ПАЗАР

Сојузот на стопански комори на Македонија заедно со Меѓународниот саем во Нингбо, Кина и Амбасадата на Република Кина во Македонија денеска организираа бизнис настан за можностите за македонските компании за извоз и соработка со компаниите од Кина. - Денешната средба што ја одржуваме со делегација од НР Кина има за цел прикажување на остварените резултати коишто ги имавме од склучувањето на договорот со НР ...

Read more

„СТС ТЕКСТИЛС“ ОТВОРА ФАБРИКА ВО ДЕМИР ХИСАР

Германската текстилна компанија „СТС текстилс“ најави браунфилд-инвестиција во Демир Хисар. Во капацитетите на поранешна „Застава“ првично ќе вложи четири милиони евра и ќе отвори 150 работни места, а според сопственикот Маркус Туч, планот е бројот на вработени долгорочно да достигне 1000. - Ние сме високотехнолошка компанија од текстилната индустрија. Македонија е второто место каде што ќе имаме производст ...

Read more

© 2017 Матица на иселниците од Македонија

Scroll to top